bootstrap carousel
Mobirise
Mobirise
Виртуелната трка HalkEco Хронометар 10КМ може да ја истрчате во периодот од 13 јуни до 15 јули, на било која локација (тоа значи дека се важат и ваши тркачи активности со датум од 13 јуни). Должината треба да биде 10 км. После извршената регистрација за виртуелната трка на емаил ќе добиете инструкции со линк на кој ќе треба да го внесете вашиот резултат. Како доказ за истрчаните 10КМ ќе треба во формата да внесете линк од вашата апликација за трчање (Гармин, Страва, Рункипер,...) или поставите слика (Print screen) од остварениот резултат од вашата апликација или вашиот ГПС часовник.
Медалот и стартниот број ќе ви биде испратен по пошта на адресата што ќе ја оставите при внесување на резултатот.
  • ДАТУМ НА ОДРЖУВАЊЕ - од 13 јуни 2020 до 15 јули 2020
  • ЛОКАЦИЈА - Било каде! Вие сами си ја бирате локацијата каде сакате да трчате.
  • КОТИЗАЦИЈА - Котизацијата за учество во виртуелната трка иснесува 650 ден. Плаќањето е можно само онлајн, со картичка, при процесот на пријавување.
  • РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ - До пополнување на предвидените места. Бројот на места е ограничен.
  • РЕЗУЛТАТИ - За виртуелната трка има посебна листа на резултти која може да ја погледнете на овој линк
  • СОДРЖИНА НА СТАРТЕН ПАКЕТ 
    - стартен број
    - медал за завршена трка
    - онлајн диплома